Европската комисија утре треба да го објави извештајот кој ќе содржи оценка за тоа дали Бугарија ги исполнува критериумите за да биде примена во Еврозоната од 1 јануари 2026 година. 

Исто така утре, свое мислење за тоа дали Бугарија е подготвена да биде членка на Еврозоната треба да даде и Европската централна банка (ЕЦБ), но по правило од клучно значење ќе биде ставот на Комисијата.

Приемот во Еврозоната би значел дека бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како национална валута во Бугарија.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков минатата недела изрази уверување дека Европската комисија ќе даде позитивно мислење за приемот на Бугарија во Еврозоната.

Но, наспроти оптимизмот на властите, мнозинството Бугари, според анкетите се против замената на левот со еврото. Бугарското државно радио објави дека  дури 57,1 отсто од Бугарите се против прием на земјата во Еврозоната, а 39 проценти поддржуваат замена на левот со еврото. Истражувањето покажува и дека скептичноста кон еврото е поголема меѓу повозрасните Бугари.

Противниците на замената на левот со еврото стравуваат дека тоа ќе доведе до раст на цените и губење на контрола врз монетарната политика на земјата од страна на Софија. Главни промотори на ваквите ставови се бугарските националистички партии.

 

Слични новости

Големо заостанување на европската автоиндустрија зад азиската конкуренција

Големо заостанување на европската автоиндустрија зад азиската конкуренција

Големите западни производители на автомобили, вклучувајќи ги и германските автомобилски гиганти, опасно заостануваат зад азиската конкуренција, а некои може да бидат принудени да ги затворат своите врати на долг рок

Европските берзи поттикнати од вестите за „Airbus“

Европските берзи поттикнати од вестите за „Airbus“

И покрај воведувањето високи царини за увоз на челик и алуминиум од САД, повеќето европски берзи беа во зелено во среда наутро, главно на крилјата на растечките цени на акциите на Ербас и генерално доброто расположение на инвеститорите кон инвестирање во европски средства

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули