Европската комисија во четвртокот го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „неизбран диктатор“.
„Претседателот Зеленски беше легитимно избран на слободни, фер и демократски избори. Украина е демократија, а Путиновата Русија не е“, изјави портпаролот на Комисијата Стефан де Керсмакер на прес-конференција.
Портпаролот додаде дека ЕУ останува на својот став дека не може да има решение за Украина, „без вклученост на Украина и на Европската унија, бидејќи безбедноста на Украина е и европска безбедност“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Зеленски „неизбран диктатор“, го обвини дека одбива да одржи избори и дека неговиот изборен рејтинг е само четири отсто.
Како што објаснуваат од Киев и Брисел изборите во Украина не се одржаа, бидејќи земјата е во воена состојба. Тврдењето за низок рејтинг беше побиено со најновото истражување, кое покажува популарност на Зеленски на над 57 проценти.
Тој, исто така, го обвини Зеленски дека влегува во војна која не може да ја добие и „никогаш не може да се победи“ и дека без него и САД конфликтот не може да се реши.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта треба да отпатуваат за Киев во понеделник на третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, јави агенцијата dpa.
Во објавата на платформата Х во која го најавува патувањето, Ко[та напиша дека посетата „ќе ја потврди нашата поддршка за херојскиот украински народ и демократски избраниот претседател Володимир Зеленски“. Со изјавата дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта испраќа јасна порака до американскиот претседател Трамп.

Слични новости
Трамп и даде три недели на Европа да ги усогласи условите за капитулација на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп и даде на Европската Унија три недели за да ги усогласи условите на капитулацијата на Украина, напиша европратеникот Мика Алтола на социјалната мрежа Икс.
Рубио: Нема средба Путин-Трамп без напредок во преговорите за Украина
Евентуалната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио
Зеленски: Разговорот со Келог „ги враќа надежите“ за успех
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека Украина е подготвена брзо да работи на постигнување силен договор за инвестиции и безбедност со САД, велејќи дека средбата со американскиот претставник Кит Келог „ја враќа надежта“ за успех