Европската унија останува посветена на отворен и предвидлив глобален трговски систем и верува дека предложената американска „реципрочна трговска политика“ е чекор во погрешна насока, нагласи во петокот Европската комисија.
„Европската комисија смета дека предложената „реципрочна“ трговска политика на претседателот Трамп е чекор во погрешна насока“, се вели во одговорот на Комисијата на предлогот на Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го задолжи својот економски тим да подготви планови за реципрочни царини за која било земја што го оданочува увозот од САД.

„За трговијата, решив заради правичност да наметнам реципрочни царини, што значи дека што и да им наплаќаат земјите од Соединетите држави, ние ќе им наплаќаме на нив. Ни повеќе, ни помалку“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Комисијата нагласува дека ЕУ останува „посветена на отворен и предвидлив глобален трговски систем кој е од корист за сите партнери“.
Комисијата наведува дека ЕУ има едни од најниските царини во светот и не гледа оправдување за зголемување на американските царини за извозот од Европа.
„Царината се даноци. Со наметнување тарифи, Соединетите држави ги оданочуваат сопствените граѓани, ги зголемуваат цените за бизнисите, го задушуваат растот и ја поттикнуваат инфлацијата“, велат од Комисијата.
Според Комисијата, светската трговија цветала под предвидливи, транспарентни правила и ниски царини. Посочува дека ЕУ со децении работела со своите трговски партнери како САД „за да ги намали царините и другите трговски бариери ширум светот, зајакнувајќи ја отвореноста преку обврските кон трговскиот систем заснован на правила – обврски што САД сега ги поткопуваат“.
Комисијата наведува и дека ЕУ има најголема и најбрзо растечка мрежа на трговски договори, три пати повеќе од САД.
Комисијата тврди дека „ЕУ ќе реагира одлучно и веднаш против неоправданите пречки за слободната и фер трговија, вклучително и кога тарифите се користат за да се оспорат законските и недискриминаторни политики. ЕУ секогаш ќе ги штити европските бизниси, работници и потрошувачи од неоправдани царинските мерки“.
Слични новости
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.