Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот претстави план од пет точки за вооружување на Европа, кој може да мобилизира близу 800 милијарди евра за одбрана.
„Европа е подготвена да преземе одговорност, може да мобилизира близу 800 милијарди евра одбранбени трошоци за безбедна и издржлива Европа“, рече фон дер Лајен, презентирајќи го планот што ќе го предлажи пред лидерите на земјите-членки на ЕУ кои ќе се соберат на вонреден самит во четврток.

Таа нагласи дека сега е време за вооружување и дека Европа е подготвена масовно да ги зголеми своите одбранбени инвестиции, краткорочно да ѝ помогне на Украина но и долгорочно, за Европа да ја преземе одговорноста за нејзината безбедност.
Првата точка од планот е да им се овозможи на земјите-членки да ги надминат правилата кои предвидуваат дека буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 отсто од БДП. Затоа, земјите-членки ќе можат да ја надминат границата на буџетскиот дефицит доколку овие средства се потрошат за одбрана.
„Доколку земјите-членки ги зголемат трошоците за одбрана во просек за 1,5 отсто од својот БДП, ова ќе создаде фискален простор од близу 650 милијарди евра во период од четири години“, рече фон дер Лајен.
Втората точка од планот предвидува нов инструмент од 150 милијарди евра заеми на земјите-членки за инвестиции во одбраната.
Овие средства ќе бидат искористени за противвоздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, беспилотни летала со ракети и муниција и системи за борба против дронови, како и за решавање други потреби од сајбер до воена мобилност.
„Ова ќе им помогне на земјите-членки да купуваат заедно и со оваа опрема тие масовно можат да ја засилат својата поддршка за Украина“, рече претседателот на Комисијата.
Заедничките набавки би овозможиле помали трошоци, намалување на фрагментацијата, зголемување на интероперабилноста и зајакнување на одбранбената индустриска база.
Третата точка се однесува на користењето на буџетот на ЕУ за инвестиции во одбраната. Фон дер Лајен најави дека ќе им предложи на земјите-членки сами да одлучат дали сакаат да ги користат кохезионите фондови за одбрана.
Четвртата и петтата точка се однесуваат на привлекување приватен капитал со побрзо формирање на Унија за штедење и инвестирње и преку Европската инвестициска банка, рече претседателката на Комисијата.
Слични новости
Ереван и Баку се договорија за мировен договор по речиси четири децении конфликт
Ерменските и азербејџанските власти во четвртокот соопштија дека се договориле за текстот на мировниот договор за ставање крај на речиси четиридеценискиот конфликт меѓу земјите од јужен Кавка
Захарова: Испраќањето европски сили во Украина ќе го сметаме за директен вооружен конфликт со Русија
Русија предупреди во четвртокот дека испраќањето европски мировни сили во Украина ќе го смета за вовлекување на земјите-учеснички во „директен вооружен конфликт“ со Москва
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа