Европската комисија во петокот упати ново барање до кинеската социјална мрежа TikTok итно да обезбеди информации во рок од 24 часа во контекстот на откритијата во декласифицираните романски разузнавачки документи.

„Комисијата испрати уште едно барање за информации на TikTok, овојпат барајќи коментари за прашањата покренати во разузнавањето декласифицирано од романските власти, како и информациите споделени од TikTok и активностите што ги презеде“, рече портпаролот Комисијата на прес-конференцијата, Тома Рењие.

„Загрижени сме поради зголемениот број на индикатори за координирано странско влијание на интернет на романските избори, особено на TikTok“, додаде Рењие.

 

 

Портпаролот го појасни барањето TikTok итно да одговори на фактот дека во недела во Романија се одржува вториот круг од претседателските избори.
На тие избори би можел да победи крајно десничарскиот проруски кандидат Калин Џорџеску.

Според романските разузнавачки служби, ненадејната популарност на Џорџеску е резултат на „високо организирана“ и „герила“ кампања на социјалните медиуми спроведена преку споделување идентични пораки и влијателни лица. Кампањата била наводно организирана од странство за да се заобиколат националните контроли.

Џорџеску тврди дека не потрошил ниту цент за својата кампања. Според романските разузнавачки служби, неговите пораки биле промовирани на TikTok за плаќање, но целта на плаќањата не била наведена како изборна кампања, што е прекршување на европскиот закон за дигитални услуги.

Џорџеску ја водеше својата кампања речиси исклучиво на TikTok. На четири дена пред првиот изборен круг, неговите видео пораки имаа 52 милиони прегледи.

Европската комисија го направи првиот чекор во четвртокот кога побара од TikTok да ги замрзне и задржи сите податоци поврзани со реалните или предвидливите системски ризици кои нејзината услуга може да ги постави за изборниот процес во Романија. Одлуката дојде откако романските власти декласифицираа разузнавачки документ во кој се обвинува Русија дека наводно ја поттикнува кампањата на крајно десничарскиот кандидат Калин Џорџеску.

Барањето за „замрзнување и зачувување“ на информациите е за целите на секоја следна истрага што Европската комисија може да ја иницира за усогласеноста на TikTok со своите обврски според Законот за дигитални услуги.

 

globe

Слични новости

Едно дете почина а уште пет лица се рането во напад со нож во основно училиште во Загреб

Едно дете почина а уште пет лица се рането во напад со нож во основно училиште во Загреб

Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни

Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас

Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас

Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.