Според податоците од страната „Ер Кер“ неколку градови во Македонија денеска се екстремно загадени, а на водечка позиција е Струмица, каде во најзагадените делови индексот изнесува 399.
На второто место е Куманово, каде што индексот на загаденост изнесува 255, а веднаш потоа следува Скопје со индекс на загаденост 247.
Скопје утрово се најде на четвртото место на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, а најзагаден град во Европа денеска е повторно Сараево.
Во Скопје, најголемо загадување во моментот се забележува во Пролет со индекс на загаденост 239, Лисиче со 212
Слични новости
Следува период на променливо и постудено време
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.
Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


