Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во понеделник во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва, објави рускиот весник Комерсант.
Бомба експлодираше во фоајето на луксузен станбен блок во Москва во понеделникот, при што загина еден телохранител, а тројца се повредени, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Бомбата експлодирала токму кога паравоениот водач и телохранителите влегле во фоајето на комплексот „Скарлетни едра“ на брегот на реката Москва, на само 12 километри од Кремљ, јавуваат руските медиуми.
Државната новинска агенција ТАСС ја цитираше полицијата како експлозијата ја нарече „атентат“.
База телеграмски канал со контакти во руските безбедносни служби, објави видео на кое се гледа голема штета во фоајето на зградата.
Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во експлозија на бомба пред станбена зграда во Москва.
Сè уште нема коментари од Украина.
Слични новости
Десетици загинати во судир на хеликоптер и патнички авион над Вашингтон
Иако не го наведе точниот број на загинати, американскиот сенатор Роџер Маршал од сојузната држава Канзас, од каде што полетал авионот, рече дека стравува дека сите патници и членови на екипажот се мртви
Трамп најави објект за илјадници мигранти во Гвантанамо
Затворот Гвантанамо беше основан во 2002 година од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за странски осомничени исламистички милитанти
Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија
Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет