Армен Саркисијан, висок припадник на проруските паравоени сили од источна Украина, почина во понеделник во болница од повреди здобиени во експлозија на бомба во станбен комплекс во Москва, објави рускиот весник Комерсант.

Бомба експлодираше во фоајето на луксузен станбен блок во Москва во понеделникот, при што загина еден телохранител, а тројца се повредени, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Бомбата експлодирала токму кога паравоениот водач и телохранителите влегле во фоајето на комплексот „Скарлетни едра“ на брегот на реката Москва, на само 12 километри од Кремљ, јавуваат руските медиуми.

Државната новинска агенција ТАСС ја цитираше полицијата како експлозијата ја нарече „атентат“.

База телеграмски канал со контакти во руските безбедносни служби, објави видео на кое се гледа голема штета во фоајето на зградата.

Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во експлозија на бомба пред станбена зграда во Москва.

Сè уште нема коментари од Украина.

globe

Слични новости

Данска: Сериозни сме – Гренланд не е на продажба

Данска: Сериозни сме – Гренланд не е на продажба

Данска во петокот порача дека Гренланд не е на продажба и дека тоа „го мисли сериозно“, откако американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека интересот на претседателот Доналд Трамп за купување на островот „не е шега“