Денеска дојде до експлозии и пожари на три нафтени танкери во Ормутскиот теснец, откако, според тврдењата на Иранската револуционерна гарда тие минале низ неодобрени рути за пловење и наидоа на поморски мини.

Според наводите на официјален Техеран, танкерите експлодирале и се запалиле во раните утрински часови, откако ги исклучиле навигациските и идентификациските системи и минаа низ рути кои не се одобрени за пловидба низ Ормутскиот теснец.

Техеран се закани дека соработката со американските сили при минувањето низ Ормутскиот теснец и непочитување на рутите што ги определи Иран ќе доведуваат до вакви инциденти.

Слични новости

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Турција: Приведени девет лица по нападот врз учениците во Маниса

Во истрагата за нападот во средното училиште во Маниса во кој беа повредени повеќе ученици, турската полиција приведе девет лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето врз учениците, објави денеска агенцијата Анадолија.