Владее голема неизвесност околу падот на јужнокорејскиот авион во кој загинаа 179 лица, изјавија експертите во неделата, фрлајќи сомнеж на првичните сугестии дека летот на нискобуџетната воздухопловна компанија „Jeju Air“ можеби се урнал поради удар од птица.
Слетувањето без извлечената опрема за слетување, времето на приземјувањето на двомоторниот двомоторниот „ Boeinga 737-800“ на „мевот“ на меѓународниот аеродром Муан и извештаите за можен удар на птица, покренаа прашања на кои допрва треба да се одговори, пишува Reuters.
На снимката што ја објавија локалните медиуми се гледа како авионот се лизга по пистата без видлива извлечена опрема за слетување пред да удри во ѕид во експлозија.

„Зошто пожарникарите не ставиле пена на пистата? Зошто не биле присутни при слетувањето на авионот? И зошто авионот слета толку длабоко низ пистата? И зошто на крајот од пистата постоел ѕид од тули?“, вели уредникот на изданието Airline News, Џефри Томас.
Јужнокорејските власти соопштија дека ги истражуваат причините за падот на авионот на „Jeju Air“ на летот 7C2216, вклучително и можен удар на птица. Во несреќата загинаа 179 од вкупно 181 лице во авионот.
Експертите предупредуваат дека авионските несреќи обично се предизвикани од мешавина на фактори и може да бидат потребни месеци за да се состави редоследот на настаните во и надвор од авионот.
Редоследот на настаните
За неколку минути, контролната кула издала предупредување за налет на птици, пилотите упатиле сигнал дека се во опасност, а потоа се обиделе да слетаат, изјавија официјалните лица, иако не е јасно дали леталото удрило во некоја птица.
Експертите велат дека е малку веројатно дека ударот на птица би предизвикал откажување на опремата за слетување.
„Ударите од птици не се невообичаени, проблемите со подвозјето не се невообичаени. Ударите од птици се случуваат многу почесто, но тие обично самите по себе не предизвикуваат губење на авион“, додава Томас.
Австралискиот експерт за безбедност на авиокомпании Џефри Дел рече: „Никогаш не сум видел удар на птица да спречи извлекување на опремата за слетување“.
Австралискиот авијациски консултант Тревор Јенсен вели дека противпожарните служби и службите за итни случаи вообичаено би биле подготвени за слетување „на мев“ (директно на трупот од леталото), „така што ова изгледа непланирано“.
Ударот на птицата можело да влијае на моторите на CFM International доколку јатото било вшмукувано во нив, но немало веднаш да ги исклучи, давајќи им на пилотите малку време да се обидат да ја решат ситуацијата, вели Дел.
Не е јасно зошто авионот не ја намалил брзината откако удрил во пистата, посочуваат Дел и Јенсен.
„Вообичаено, кога слетувате на мев, ќе слетате на своите мотори и ќе возите со отскокнување и трзнувања“, рече Томас.
„Доаѓате со минимално гориво, ги имате пожарникарите во придружба, ја покривате пистата со пена и слетувате на крајниот крај на пистата и тоа обично завршува во ОК ситуација“, додава.
Џо Јонг-ван, заменик-министер за транспорт на Јужна Кореја, рече дека должината на пистата од 2.800 метри не била фактор за несреќата и дека крајните ѕидови биле изградени според стандардите.
„Двата краја на пистата имаат безбедносни зони со зелени тампон области пред надворешниот ѕид. Аеродромот е дизајниран во согласност со стандардните упатства за воздухопловна безбедност, дури и ако ѕидот може да изгледа поблиску отколку што всушност е“, рече тој на одделен брифинг.
Капетанот летал со такви авиони од 2019 година и имал 6.823 часа лет, соопшти Министерството. Првиот офицер работел од 2023 година и имаше околу 1.650 часа лет.

Слични новости
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.
Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра
Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина
Каја Калас: Условите на Русија покажуваат дека Москва не сака мир во Украина
Условите на Москва за примирје, всушност покажуваат дека тие не сакаат мир, бидејќи тие услови се крајните цели на војната“ изјави Калас по состанокот на Советот за надворешни рабти на ЕУ