Американските нафтени компании Ексон Мобајл и Шеврон во третиот квартал од годината остварија профит поголем од оечкувањата на аналитичарите, бладорание на наглиот раст на маржата во преработката на нафта, кој ја зголеми заработувачката на нивните рафиренриски бизниси, пренесе Ројтерс.

Пореметувањата на глобалниот енергетски пазар, предизвикани од војната на САД и Израел со Иран, како и конфликтот меѓу Русија и Украина, доведоа до раст на цените на бензините и на дизелот.

Ефективното затворање на Ормутскиот теснец и нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија и Русија ги намалија капацитетите за производство на гориво, што ги дигна маржите во преработката на нафтата.

Слични новости

Цената на нафтата надмина 112 долари за барел

Цената на нафтата надмина 112 долари за барел

Цената на суровата нафта „брент“ утрово се искачи на 112 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 114,44 долари достигнат на 4 мај. Цената на американската сурова нафта ВТИ се искачи на близу 100 долари за барел, највисоко ниво за пет недели.