Американската нафтена компанија Ексонмобил соопшти дека повисоките маржи во преработувачката на нафта би можеле да ја зголемат добивката во нивниот сектор за 4,5 милијарди долари во третиот квартал.
Маржите во преработувачката на нафта нагло пораснаа поради војната со Иран, кој го ограничи транспортот на енергентите низ Ормутскиот теснец, како и поради украинските напади врз руските рафинерии, пренесува Ројтерс.
Растот на цената на горивата во САД предизвика и политички ризици за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред парламентарните избори во САД на средината од мандатот, закажани за почетокот на ноември.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.