Според проценките на американската компанија за финансиски услуги ЏП Морган, економските загуби од шумските пожари во округот на Лос Анџелес изнесуваат околу 50 милијарди долари, а за последните 24 часа беа удвоени.

Загубите со осигурување преминуваат 20 милијарди долари, а таа цифра би можела и да порасне во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе бидат изгаснати, наведува ЏП Морган, кој е и најголема банка во САД.

Овие загуби го првата пожарот околу Лос Анџелес најскап во историјата, и двојно поскап од она што досега беше најскапиот пожар во Бути Каунти од 2018, што ја чинеше осигурителната индустрија околу 10 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека близу 15.000 куќи и згради се сега во ризик да изгорат од пожарот, наспроти проценките во средата дека 13.000 куќи се во ризик. 

Според досегашните проценки, во повеќето пожари кои беснеат околу Лос Анџелес досега се уништено околу 2.000 згради, а потврдено е дека најмалку пет луѓе го загубија животот.

Слични новости

Цените на нафтата близу 77 долари

Цените на нафтата близу 77 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот околу 77 долари, бидејќи суровата зима поттикна шпекулации за посилна побарувачка за нафта за греење, зголемувајќи ја загриженоста за понудата поради знаците за можни нови американски санкции кон Русија