Американските нафтени гиганти бараат цврсти гаранции од Трамп пред да се вратат во Венецуела
Американските нафтени компании бараат „силни правни и финансиски гаранци“ од администрацијата на САД пред да донесат одлука за значајни вложувања во енергетскиот сектор на Венецуела, објави „Фајненшал тајмс“.
Фокс њуз: Трамп одобри царини од 500 насто за земјите што купуваат енрегенти од Русија
Американскиот претседател Донад Трамп одобри предлог закон за санкции кон Русија со кој се воведуваат царини од 500 насто на увоз на стоки на земјите што купуваат руска нафта, нафтени деривати или ураниум од Москва.
Европските индекси главно во пад, напнатост на берзите поради ситуацијата со Гренланд
Европските берзански индекси денеска главно се во пад додека на берзите владее напнатост по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го анектираат Гренланд.
Американските гиганти го делат имотот на Лукоил, откако руската компанија се најде под удар на санкции
Потенцијални купувачи на имотот на Лукоил во странство се американските компании „Шеврон“ и приватната инвестициска група „Квантум Енерџи партнерс“, објави Фајненшал тајмс.
Европските индекси денеска успорија со растот
Европскиот индекс СТОКС денеска е главно статичен, со цена од 5936,20, што претставува успорување на силниот раст кој претходеше изминатиот период кога СТОКС достигнуваше рекордни вредности.
Трамп најави дека САД ќе добијат 30-50 милиони барели нафта од Венецуела
Неколку дена по американската воена интервенција во Каракас, Трамп изјави дека директно интервенира во нафтената индустрија на Венецуела и ја обезбедува контролата врз приходите од продажбата на нафта. Венецуела ќе им испорача на САД меѓу 30 и 50 милиони барели...
Тојота го забележа првиот пад на глобалното производство
Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ објави дека неговото производство во ноември падна за 5,5 насто меѓугодишно, пред се поради слабите резултати во Кина и Јапонија.
Цената на нафтата благо порасна по американскиот напад врз Венецуела
Цените на нафтата денеска пораснаа за околу еден насто по долг период на пад на цената, откако предвидувањата за глобалната понуда останаа на стабилно ниво по американскиот напад врз Венецуела.
Европските берзи во пораст, а расте и цената на златото
Акциите на европските компании од секторот на одбраната, како и технолошките и рударските фирми, забалежаа раст на почетокот од неделата, по настаните во Венецуела и проценката дека во наредниот период ќе се засили побарувачката за оружје.
Акциите на компаниите од воениот сектор пораснаа по американскиот напад врз Венецуела
На берзите се проценува дека драматичното соборување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро навестува значаен геополитички пресврт кој долгорочно ќе ја поттикне трговијата со оружје, пренесе ЦНБЦ.
Цените на нафтата во пад по воената акција на САД во Венецуела
Инвеститорите сметаат дека настаните во Венецуела засега не го загрозуваат глобалното снабдување со нафта, што одржува ниски цени на анергијата и го поттикнува растот на акциите во Европа.
Пораснаа акциите на американската нафтена компанија „Шеврон“ присутна во Венецуела
Акциите на „Шеврон“ денеска пораснаа за 6,5 насто. Венецуела има тешка сумпорна нафта, која е особено барана во сложени рафинерии, особено во САД, а Шеврон има значајно присуство во Венецуела











