Неуралинк на Илон Маск планира производство на голем број импланти за мозокот
Компанијата на американскиот милијардер Илон Маск „Неуралинк“ планира да започне со производство на голем број уреди за поврзување на мозокот со компјутери и да прејде на целосно автоматизирана хируршка процедура во 2026
Стапија во сила новите еколошки тарифи на ЕУ
Новите европски „зелени тарифи“ за произведувачите на челик, цемент и други производи со високи емисии на јаглерод од денеска стапија во сила, а целта на мерките е декарбонизација, пишува весникот Гардијан.
Индија ја претекна Јапонија и стана четврта економија во светот
Индија официјално ја претекна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот со бруто домашен производ од 4,18 билиони долари, а се очекува до 2030 да ја претекне и Германија и да го заземе третото место.
Американската економија ќе зајакне следната година
По турбулентната 2025 година, американската економија ќе зајакне следната година благодарение на даночните олеснувања, помалите неизвесности околу царинската политика, континуираниот раст на инвестициите во вештачка интелигенција и серијата намалувања на клучните каматни стапки на крајот од годината, веруваат економистите
Рекорди на европските берзи, рекорд на MSCI индексот
На европските берзи, цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,75 отсто, на 9.940 поени, додека Франкфуртскиот DAX порасна за 0,57 отсто, на 24.490 поени, а парискиот CAC за 0,69 отсто, на 8.168 поени
Волстрит падна трет ден по ред
Цените на акциите на Волстрит благо паднаа трет ден по ред во вторникот, бидејќи записниците од неодамнешната седница на американската централна банка не влијаеја значително на очекувањата во врска со каматните стапки следната година
Ланските трошоците за невработеноста во Германија пораснаа за 12,6 отсто, на 76,6 милијарди евра
Германските даночни обврзници мораа да платат 12,6 отсто повеќе за трошоци за невработеност во 2024 година, или 76,6 милијарди евра, објави истражувачкиот институт на Федералната агенција за вработување (BA)
„Nvidia“ презема удел во „Intel“ вреден пет милијарди долари
Водечката компанија во производството на чипови за техничка интелигенција „Nvidia“ купи акции на „Intel“ во вредност од пет милијарди долари, со што ја спроведува трансакцијата најавена во септемврискиот договор, беше објавено во понеделникот
Цените на нафтата се стабилизираа околу 62 долари
Цените на нафтата на меѓународните пазари се стабилизираа околу 62 долари во вторникот, одразувајќи ги растечките тензии на Блискиот исток и неизвесноста околу мировните преговори за прекин на војната во Украина и проценките за вишоците во понудата
Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 м2, 71% се греат на цврсти горива
Најголем дел од домаќинствата во земјава или една третина живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни. Над две третини имале автомобил и клима-уред, а само 40 отсто велосипед. Речиси половината имале персонален компјутер, поврзан на Интернет, додека мобилен телефон имале над 92%, радио 28% и телефон само 22 проценти
Европските акции варираа додека одбранбената индустрија бележи пад
Европските акции во одбранбената индустрија паднаа по мировните разговори меѓу претседателите Трамп и Зеленски. Акциите на Леонард паднаа за 1,96 насто, Рахнметал загуби околу 1 насто, а Ренк, Конгсберг и Сааб исто така се во минус.
Пад на доларот, нафтата ги загуби вчерашните добивки
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку се зголеми во вторникот утрото, но од почетокот на годината индексот на доларот е намален за 9,6 отсто







