Фокскон оствари рекорден приход благодарение на експлозијата на побарувачка за инфраструктура за вештачка интелигенција
Приходите на тајванската компанија Фокскон, клучниот партнер на американските технолошки гиганти Енвидија и Епл пораснаа за 22 насто на 82,73 милијарди американски долари, што ги надмина и најоптимистичните прогнози на аналитичарите, пренесе Волстрит журнал.
Доларот благо зајакна во однос на кошничката валути на почетокот од годината
Глобалните валутни пазари тргуваа мирно минатата седмица, бидејќи немаше многу вести поради новогодишните празници, при што вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми по остриот пад минатата година
Волстрит падна минатата седмица, европските инвеститори оптимисти
На најголемата светска берза цените на акциите паднаа во последните четири работни дена од минатата година, додека европските инвеститори беа во добро расположение на крајот од минатата година, како и на почетокот на новата
Индијците имаат највисоки просечни плати во Германија
Индијците заработуваат највисок просек меѓу етничките групи во Германија, објави германскиот економски институт IW
По падот на цената на нафтата од 20 посто, цената повторно во ризик поради кризата во Венецуела
Американскиот напад врз Венецуела се заканува да предизвика нов нагол пораст на цената на нафтата, откако на крајот на 2025 цената на сировата Брент нафта падна за 20 проценти, стабилизирајќи се на околу 60 долари по барел, со што се врати на нивото од пред четири години.
Милјарда андроид телефони се ранливи на сајбер напади затоа што не можат веќе да се ажурираат
Речиси една милијарда Андроид смартфони ширум светот се изложени на зголемен ризик од сајбер напади затоа што веќе не можат да добиваат безбедносни ажурирања, покажаа најновите податоци на аналитичката куќа „СтарКаунтер“.
Кинескиот прозиводител BYD го презеде приматот од Тесла во продажбата на електрични возила
Кинескиот прозиводител на електрични возила BYD минатата година продаде 2,26 милиони возила и стана најголем производител на електрични возила во светот, преземајќи го приматот од компанијата Тесла на Илон Маск.
Нафтата поевтини под 61 долар
Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под нивото од 61 долар во петокот, балансирајќи меѓу загриженоста за прекумерно снабдување и ескалацијата на геополитичките ризици, вклучувајќи ја војната во Украина и извозот на нафта од Венецуела
Германците сè повеќе загрижени за своите работни места
Своите работни места ги сметале за „многу несигурни“ или „прилично несигурни“ во 2025 година дури 16 отсто од испитаниците, што е највисоко ниво на загриженост од 2009 година
САД значително ги намалија предложените царини за италијанските тестенини
Соединетите држави значително ги намалија предложените нови царини за увоз на тестенини од неколку италијански производители, по прелиминарна анализа на нивните антидампинг активности, објави италијанското Министерство за надворешни работи
Германија забрани греење на јаглен и дрва
Германија воведе дастични мерки и нови ригорозни правила за системите на греење на јаглен кои заминуваат во историјата. Греењето на дрва ќе биде ограничено и строго контролирано.
Европските берзи ја започнаа годината со рекорди, силен раст на азиските
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, достигнувајќи нови рекордни нивоа, а најмногу пораснаа секторите за одбрана, рударство и енергетика








