Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД Марк Рубио остро се разидуваат околу мировниот план за Украина, пишува „Економист“, повикувајќи се на високи извори во американската администрација. „Економист“ пишува дека Венс на почетокот застапувал поостар пристап кон Киев.

Тој дури и му се јавил на Владимир Зеленски за да му ги каже условите што ги поставува САД. Истовремено, секретарот на војската Ден Дрискол, кој е пријател на Венс од времето кога заедно студираа, отпатува во Киев, каде што му ги пренесе на Зеленски ставовите на Вашингтон.

На другата страна државниот секретар Марк Рубио настојува да ја врати ситуацијата „на вистински пат“ барајќи компромис со украинското раководство, иако самиот вели дека е „целосно вон тековите“ на комуникацијата со Белата куќа.

Економист пренесува дека според Рубио клучните елементи на мировната спогодба ги изработиле специјалниот пратеник на Трамп Стив Викоф и неговиот руски соговорник Кирил Димитриев, додека Виткоф на социјалните мрежи појасни дека планот е целосно резултат на САД.

Расколот во самиот врв на американската администрација, според Економист, покажува дека и внатре во САД сеуште се трага по единствен став околу тоа како да се оконча војната во Украина и под кои услови.

Слични новости

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

ЕК ги отфрла критиките кон ЕУ во стратегијата на САД

Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во петокот ги отфрли критиките на сметка на Европската унија во новиот американски документ во кој се опишува стратегијата за националната безбедност, а истовремено започнаа првите реакции меѓу европските политичари