Германија мора да ги ограничи прекумерните задолжувања со кои ги финансира модернизацијата и зајакнувањето на оружените сили, бидејќи во спротивно јавниот долг на земјата би можел енормно да порасне.
Најголемата економија на Европската унија издвојува огромни средства за засилување на армијата која со години беше запоставувана, поради засилените безбедносни закани од Русија и неизвесноста во поглед на американската посветеност на безбедноста на Европа.
Се очекува германската воена потрошувачка нагло да порасен и дека во 2027 ќе достигне околу 110 милијарди евра, при што голем дел од тој износ ќе биде финансиран со ново задолжување.
Слични новости
Нафтата Брент 96 долари, европските берзи во благ плус
Цената на референтната нафта Брент денеска во 09 и 30 падна на светските берзи за 1,72 насто на 96 долари, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1,21 насто на 89,7 долари за барел.
Јапонија: Голема хаварија парализираше 128 банки, клиентите отсечени од сметките
Проблеми со работата во опремата погодија 128 јапонски кредитни институции познати како шинкин банки, поради што клиентите не можат да ги вршат трансакциите на шалтерите и банкоматите.
Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас
Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.


