Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.
Поголемиот број економски стручњаци сметаат дека следниот четврток каматната стапка нема да се менува, но дека во септември ќе има зголемување на депозитната стапка за 25 базни поени на 2,5 насто.
Аналитичари сепак предупредуваат дека е тешко да се предвиди што ќе се случи во септенври бидејќи на одлуката ќе влијаат ситуацијата на Блискиот исток, а особено влијанието врз цените на нафтата и гасот, од што ќе зависи и проценката на инфлаторните ризици.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 88 долари
Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Берзите во исчекување на кварталните извешати на големите компании
Најголемото внимание на берзите неделава ќе биде насочено кон извештаите на Алфабет и Тесла во среда, како и Интел во четврток, кои веројатно ќе имаат клучно влијание на движењето на американските и светските берзи
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите
Европските банки ги заострија условите за одобрување кредити за граѓаните и фирмите во вториот квартал оваа година, а овој тренд се очекува да продолжи и во третиот квартал соопшти Европската централна банка.


