По десет дена патување низ вселената и обиколка околу Месечината, космонаутите од мисијата Артемис 2 се враќаат дома. 

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Астронаутите поминаа околу 10 дена во лет, следејќи траекторија на „слободно враќање“  – природна патека што ги враќа назад кон Земјата без потреба од дополнителен погон.

Артемис 2 е клучен чекор кон враќањето на човекот на Месечината и подготовка за идните мисии кон Марс.

Успешната мисија значи и потврда дека човештвото повторно е подготвено за големи чекори во вселената.

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.