Едно лице е убиено во престрелка во бриселската општина Андерлехт, потврди во петокот белгиската полиција, којашто претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу дилери на дрога.
„Утринава околу четири часот имаше уште едно пукање во населбата Петербос во општина Андрелехт. Едно лице загина, маж кој сѐ уште не е идентификуван“, изјави портпаролката на полицијата Сара Фредерик за белгиските медиуми.

Ова е трето пукање во населбата од средата наутро кога две маскирани лица отворија оган пред влезот на метро станицата Клемансо. Во четвртокот повторно имаше пукање во тој дел од градот, при што еден маж беше ранет во ногата.
Областа е позната по дистрибуција и продажба на дрога, а полицијата претпоставува дека станува збор за пресметка меѓу дилери на дрога и борба за контрола на територијата.
По пукањето утринава во Брисел, министерот за внатрешни работи Бернар Квинтин и министерката за правда Анелис Верлинден одржаа итен состанок со шефовите на националните агенции за борба против дрогата и со јавниот обвинител.
По таа средба најавија дека полицијата ќе го зголеми присуството на бриселските улици.
Слични новости
Израел ги интензивира нападите врз Газа за да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во петокот дека израелската војска ги интензивира нападите врз Појасот Газа од воздух, копно и море за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи преостанатите заложници
Аеродромот Хитроу затворен поради пожарот во близината
Британскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен цел ден во петок, откако големиот пожар во блиската електрична трафостаница го прекина снабдувањето со електрична енергија, што го наруши распоредот на летови ширум светот
Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната