Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни.
Хрстиќ изрази сочувство до семејството на починатото дете и рече дека повредените се пренесени во болница и во моментот сите се надвор од животна опасност.
Додаде дека сторителот е полнолетен.
Загрепската полиција извести дека во петокот, нешто пред 10 часот, млад човек со остар предмет или нож повредил наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко.
„Напаѓачот е под полициски надзор. На повредените им е укажана лекарска помош“, соопштија од полицијата.
Според првите неофицијални информации, стануваше збор за осуммина повредени, меѓу кои во критична состојба била наставничка пред пензија.
Слични новости
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.
Калас: Сакаме да видиме напредок во процесот на проширување на ЕУ
Западниот Балкан е многу важен за Европската Унија, бидејќи тој географски и припаѓа на Европа и затоа е многу важно да ги унапредиме нашите односи, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел