Една минимална плата одвај ги покрива трошоците за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство во месецот. ССМ ја објави новата пресметка за октомври.
Па, така според анализата, на едно четиричлено семејство за да преживее му се потребни над 70 илјади денари и во однос на септември трошоците се зголемени за над 900 денари.
За храна и пијалаци е потребна една минимална плата. Ако пак се изнајми и еден стан од околу 60 квадратни метри, синдикатите пресметале дека на едно четиричлено семејство во месецот му се птребаат речиси 86 илјади денари.
Деновиве пак и владата ја презентираше својата кошничка откако ја оспорија онаа на ССМ посочувајќи дека во нејзе има спорни производи. Владината е помала зод пресметката на синдикатот за над 10 илјади денари, но е за месец авхуст.
Слични новости
По средбата Муцунски -Петрова во Софија нема приближување на ставовите меѓу Софија и Скопје
Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија не се поместуваат и покрај средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Софија на иницијатива на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Денеска средба Муцунски-Петрова во Софија
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија
Ново рочиште за „Државна лотарија“
Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.


