Една минимална плата одвај ги покрива трошоците за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство во месецот.  ССМ ја објави новата пресметка  за октомври.

Па, така според анализата, на едно четиричлено семејство за да преживее  му се потребни над 70 илјади денари и во однос на септември трошоците се зголемени за над 900 денари.

За храна и пијалаци е потребна една минимална плата. Ако пак се изнајми и еден стан од околу 60 квадратни метри, синдикатите пресметале дека на едно четиричлено семејство во месецот му се птребаат речиси 86 илјади денари.

Деновиве пак и владата ја презентираше својата кошничка откако ја оспорија онаа на ССМ посочувајќи дека во нејзе има спорни производи. Владината е помала зод пресметката на синдикатот за над 10 илјади денари, но е за месец авхуст.

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.