На гала церемонијата за доделувањето на британските филмски награди БАФТА што се одржаа синоќа во Лондон, доминираше „Една битка по друга“ на режисерот Пол Томас Андерсон.
Филмот имаше дури 14 Бафта номинации, а освои шест статуетки, меѓу кои и двете во главните категории, за режисер и најдобар филм.
Другите четири награди ги освои во категориите најдобро адаптирано сценарио, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и Шон Пен ја освои Бафта наградата за најдобра споредна машка улога.
Водител на церемонијата во Лондон беше Алан Каминг.
Слични новости
Дебакл на Бокс Офисот поради ледената бура во САД
Како последица на студеното невреме стотици кина во САД беа затворени, а граѓаните беа советувани да останат дома. Во такви услови, ова е најслабиот викенд на американскиот Бокс Офис
Американската актерка Џенифер Анистон го поддржа семејството на убиениот Алекс Прети
Американската актерка Џенифер Анистон им се придружи на холивудските ѕвезди кои се обединија во осудата на убиството на медициснкиот техничар Алекс Прети од Минеаполис
Кина успешно отпечати метал во вселената
Кина направи револуционерен пресврт во вселенската технологија, откако успешно изврши прв експеримент на печатење на 3Д метал во орбитата.


