На гала церемонијата за доделувањето на британските филмски награди БАФТА што се одржаа синоќа во Лондон, доминираше „Една битка по друга“ на режисерот Пол Томас Андерсон.

Филмот имаше дури 14 Бафта номинации, а освои шест статуетки, меѓу кои и двете во главните категории, за режисер и најдобар филм.

Другите четири награди ги освои во категориите најдобро адаптирано сценарио, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и Шон Пен ја освои Бафта наградата за најдобра споредна машка улога.  

Водител на церемонијата во Лондон беше Алан Каминг.

Слични новости

Нетфликс го најави емитувањето на документарецот „Диносаурусите“ на Стивен Спилберг

Новиот документарец „Диносаурусите“ на Нетфликс е во продукција на Стивен Спилберг, а нарацијата е на Морган Фримен. Визуелните ефекти и анимациите за „Диносаурусите“ ги изработи студиото на Џорџ Лукас