Џек Шлосберг, 32-годишниот внук на поранешниот американски претседател Џон Фитцџералд Кенеди, планира да се кандидира за Конгресот следната година, пишува весникот The New York Times.
Шлосберг е син на ќерката на Џон Кенед, поранешната дипломатка Каролин Кенеди, и дизајнерот и уметник Едвин Шлосберг. Тој ја објави веста за својата прва кандидатура за јавна функција во е-пошта испратена до поддржувачите во вторник вечерта, пишува њујоршкиот весник.
Според весникот, 32-годишникот ќе бара номинација од Демократската партија за местото во Претставничкиот дом на САД кое го ослободува ветеранот демократ од Њујорк, Џеролд Надлер.
Шлосберг е политички коментатор и писател чии статии се објавени во медиуми како што се The Washington Post, Politico и списанието Time. Со својата амбиција, тој се приклучува на веќе голема група кандидати за местото во 12-от конгресен округ.
Седумдесет иосумгодишниот Надлер го објави своето повлекување за следната година во септември. Тој е во Претставничкиот дом повеќе од 30 години, а во своето соопштение призна дека партијата се соочува со растечки повици за отстапување на просторот за помладата генерација политички лидери.
Одлуката на Шлосберг доаѓа во време кога демократите се обидуваат да ја вратат контролата врз Претставничкиот дом на среднорочните избори во 2026 година, за кои се надеваат дека ќе им отежнат на претседателот Доналд Трамп и неговите републиканци, кои моментално имаат мнозинство во двата дома, да носата закони.
„Нема ништо што нашата партија не може да го направи за да се справи со трошоците за живот, корупцијата и уставната криза во која се наоѓаме… Но, без надзор од Конгресот, не можеме да направиме речиси ништо“, изјави Шлосберг во разговорот за NYT.
Шлосберг е единствениот внук на Џон Ф. Кенеди, претседателот убиен во 1963 година во Далас. Тој го привлече вниманието на јавноста втората вечер од Демократската национална конвенција во 2024 година во Чикаго, каде што одржа говор во кој ја поддржа тогашната потпретседателка Камала Харис во нејзината претседателска кампања.
Некои од коментарите на Шлосберг беа насочени кон неговиот братучед Роберт Ф. Кенеди Џуниор, сега министер за здравство во администрацијата на Трамп.
Влегувањето на Шлосберг во политиката доаѓа веднаш по метеорскиот подем на уште еден млад њујоршки милениумец, 34-годишниот Зохран Мамдани, градски советник кој беше избран за градоначалник на Њујорк минатата седмица.
Како и Мамдани, Шлосберг е искусен корисник на социјалните медиуми и има повеќе од 830.000 следбеници.
Слични новости
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков


