Полицијата во Ванкувер потврди во неделата дека 11 лица се убиени во напад на уличен фестивал во саботата навечер, додавајќи дека напаѓачoт, кој е во притвор, имал проблеми со менталното здравје.
„Лицето во притвор има значајна историја на интеракции со полицијата и негуватели кои се грижат за лицата со проблеми поврзани со менталното здравје“, изјави началникот на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, на прес-конференција.

Додаде дека „доказите во овој случај не укажуваат дека станува збор за терористички чин“. Напаѓачот, кој бил сам, велат властите, бил совладан од толпата пред да биде уапсен од полицијата.
Медиумите претходно известија дека полицајците спречиле гневната толпа да го линчува напаѓачот на самото место.
Полицијата не даде дополнителни објаснувања за можните мотиви на 30-годишниот маж.
Инцидентот се случил набрзо по 20 часот во квартот Сансет он Фрејзер, на местото на одржувањето на фестивалот на филипинската заедница „Денови на Лапу-Лапу“. Големи азиски заедници, вклучувајќи Кинези, Индијци и Филипинци, живеат во западна Канада, многумина околу Ванкувер, голем град на западот од земјата.
Инцидентот ги зголеми тензиите пред парламентарните избори во понеделник. Во изборната кампања доминираше од прашањето за економската војна на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите закани за анексија. Премиерот Марк Карни, кој се претставува како бедем против американскиот претседател, е фаворит во анкетите. Тој го промени распоредот за последниот ден од кампањата поради нападот во Ванкувер.

Слични новости
Путин објави прекин на огнот во чест на победата во Втората светска војна
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник објави тридневен прекин на огнот во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна
Ватикан објави дека конклавата за избор на нов папа ќе се одржи на 7. мај
Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, која брои 1,4 милијарди верници, ќе започне на 7. мај, потврди во понеделник портпаролот на Ватикан, Матео Бруни
Канаѓаните гласаат во тесна парламентарна трка
Владејачката Либерална партија на премиерот Марк Карни и опозициските конзервативци, предводени од Пјер Поилиевре, се во тесна трка на парламентарните избори во Канада