Стоперот на Реал Мадрид Едер Милитао конечно се враќа во тимот по повеќемесечна пауза.

Милитао во последните години имаше две тешки повреди на предните вкрстени лигаменти на коленото, а во април му настрада и задната ложа, поради што мораше да оди на операција и на нова пауза од теренот.

По пауза од шест месеци Бразилецот се враќа во составот на Реал Мадрид, а тренерот Жозе Мурињо ќе го стави во списокот на играчи за дуелот со Севиља.

Се очекува Милитао постепено да добива минутажа, бидејќи Мурињо не сака да ризикува и сака да го има на располагање до крајот на сезоната.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.