Мексиканските безбедносни сили ја објавија средата најголемата заплена на фентанил во историјата, 1.100 килограми од синтетичкиот опиоид во државата Синалоа.

Ударот врз организираниот криминал е проценет на 400 милиони долари, а запленетотата количина на дрога одговара на 20 милиони дози фентанил, се наведува во полициското соопштение.

Акцијата доаѓа во време на веќе напната состојба во Синалоа, каде насилството е во пораст бидејќи фракциите на истоимениот картел се водат во жестоки борби по апсењето на водачот Исмаел „Ел Мајо“ Замбада во јули.

Мексико е под притисок на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека ќе ја натера земјата да стори повеќе за да го запре транспортот на смртоносниот опиоид кој однесе стотици илјади американски животи, како и илегалната миграција. Ако не види резултати, Трамп се заканува дека ќе воведе високи царини.

Мексиканските власти, исто така, соопштија дека во вторникот привеле повеќе од 5.200 мигранти низ целата земја, што сигнализира дополнително заострување на мерките насочени кон спречување на мигрантите да стигнат до границата со САД. Од 1 октомври до 3 декември, мексиканските власти запреа речиси 350.000 мигранти, според морнарицата.

globe

Слични новости

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава