Егзибицискиот меч меѓу боксерските легенди Мајк Тајсон и Флојд Мејведер ќе се одржи на 25 април во Конго, каде што се одржа славниот меч меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман за светската титула во 1974.

Егзибицискиот меч предивика контроверзи поради возраста на Тајсон кој има речиси 60 години, а во неговата последна борба против Џејк Пол во 2024 делуваше како сенка на некогашниот моќен боксер.

Од друга страна 50 годишниот Флојд Мејведер, кој боксуваше по полесна категорија од Тајсон останува запаметен како боксер што ја заврши кариерата без пораз (50 -0) и натаму е активен во егзибициските мечеви.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено