Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.Заедничката европска валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.

Дополнителен притисок создаваат политичките случувања во Франција и шпекулациите за можни предвремени избори во Шпанија.Премијата што инвеститорите ја бараат за француските во однос на германските државни обврзници достигна 152 базични поени, што е на највисоко ниво од 2011 година.

Стратезите на „ЏП Морган“ предупредуваат дека еврото е изложено на ризик од натамошен пад, особено во однос на швајцарскиот франк и јенот.

 

Слични новости