На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото порасна за повеќе од 1,5 отсто, бидејќи војната меѓу Русија и Украина наскоро може да заврши.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 1,2 отсто минатата недела, на 106,80 поени. Курсот на еврото во однос на доларот скокна за 1,6 отсто, на 1,0490 долари. Сепак, американската валута зајакна во однос на јапонската, за 0,6 отсто, достигнувајќи 152,30 јени.

Силниот раст на еврото во однос на доларот најмногу се должи на надежите на инвеститорите дека војната меѓу Русија и Украина наскоро би можела да заврши, откако американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со претседателите на двете земји и најави моментлно започнување на активности за поведување мировни преговори.
„Зајакнувањето на еврото е благодарение на ентузијазмот во врска со прекинот на огнот меѓу Русија и Украина, што може да биде многу позитивно за растот на европските економии“, вели Васили Серебрјаков, валутен стратег во банката UBS
За смирување на пазарот придонесе и одложувањето на воведувањето на царините. Имено, Трамп неодамна најави воведување царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царините за увоз на американски производи. Тоа се очекуваше да се направи минатата седмица, но Белата куќа соопшти дека сѐ уште се анализира кои земји треба да воведат или зголемат царини и дека заклучоците ќе бидат познати наскоро.
„Пазарот затоа се надева дека негативните ефекти од царините нема да бидат толку значајни како што изгледаше до неодамна“, објаснува Серебрјаков.
Слични новости
Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини
Доларот слабее, цената на нафтата расте
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути
Волстрит падна втор ден по ред
Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата