На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, минатата седмица се лизна за 0,15 отсто, на 103,75 поени. Курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за 0,45 отсто, на 1,0879 долари. Сепак, американската валута зајакна во однос на јапонската, за 0,4 отсто, достигнувајќи 148,60 јени.

 

Падот на индексот на доларот втора седмица по ред е резултат на цаинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери, што може да доведе до слабеење на најголемата светска економија и пораст на инфлацијата. Покрај тоа, американскиот претседател Доналд Трамп планира нагло да ги намали федералните трошоци, што исто така може да ја забави економијата.

„Падот на доларот во однос на еврото е резултат на тарифната војна, која предизвика многу нестабилност, како и крајот на режимот на фискални стимулации, бидејќи администрацијата на Трамп се обидува да ја намали јавната потрошувачка“, објаснува Бред Бехтел, директор во „Jefferies“.

Од друга страна, вели тој, Европската унија се движи во сосема спротивна насока и ја зголемува јавната потрошувачка. Имено, во Германија идната демохристијанско-социјалдемократска влада планира ново задолжување и формирање фондови за помош на германската економија и зајакнување на одбраната. Идната влада се согласи да ги релаксира фискалните правила за да може да ги зголеми инвестициите и со тоа да го стимулира економскиот раст.

Покрај тоа, еврото зајакна бидејќи се верува дека Европската централна банка е на крајот од циклусот на намалување на каматните стапки, додека американската централна банка Федералните резерви се очекува да продолжи со намалувањето на каматните стапки во наредниот период. Додуша, американската централна банка не се очекува да ги намали каматните стапки веќе следната недела, но се очекуваат намалувања во втората половина од годината.

globe

Слични новости

Во првите два месеци од 2025 продажбата на Тесла во Европа е падната за 44 насто

Во првите два месеци од 2025 продажбата на Тесла во Европа е падната за 44 насто

Постовите на Маск на платформата Х и мешањето во внатрешните работи на повеќе европски земји на Илон Маск ја налутија јавноста ширум Европа. Тоа негативно се одразува на брендот Тесла, кој се соочува со голем пад на продажбата и континуиран пад на цената на акциите.

Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди

Американски „BlackRock“ тргнува во лов на европските заштеди

Американскиот конгломерат „BlackRock“ има намера да привлече нова генерација Европејци и нивни инвестиции, особено во Источна Европа, со проширена понуда на финансиски производи, изјави директорот на американскиот инвестициски гигант за Reuters, надоврзувајќи се на новите планови на Европската унија за штедење на домаќинствата