Околу 66,1 отсто од домаќинствата во Македонија во 2025 година биле без деца, додека 33,9 отсто имале издржувани деца, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Во земјава биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства, од кои 393.400 без деца и 202.200 со деца.

Просечниот број деца по домаќинство во Македонија изнесува 0,60, што е за 25 отсто помалку во однос на 2015 година, кога изнесувал 0,80.

Истовремено, расте бројот на домаќинства составени од едно возрасно лице без деца, чиј удел достигнал 37,5 отсто.

 

Слични новости

Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје

Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.