Финансискиот колапс на шведскиот „Northvolt“ не го уништи целосно европскиот сон за развој на сопствени батерии за електрични возила, но за да го исполни веројатно ќе треба да се потпре на кинески инвестиции и експертиза, се заклучува во анализата на Reuters.

Извршниот директор на словачкиот старт-ап „InoBat“, Маријан Бочек мораше да работи напорно за да обезбеди средства додека петтиот по големина кинески производител на батерии „Gotion“ не купи 25 отсто од акциите минатата година и не основаше заедничко вложување со „InoBat“ за изградба на европски фабрики. Во петокот, „InoBat“ објави инвестиција од 100 милиони евра во „Seria C“, со што вкупниот износ на инвестиција ќе достигне повеќе од 400 милиони евра.

Само неколку седмици по колапсот на „Northvolt“, инвестицијата покажува дека европските проекти за батерии за електрични возила сè уште можат да привлечат пари. Но, наместо независна европска индустрија, идната норма би можеле да бидат заеднички вложувања кои се потпираат на доминацијата на Кина на пазарот на батерии, велат аналитичарите.

Како пример, покрај заедничкото вложување помеѓу „Gotion“ и „InoBat“, сега познато како GIB, тие го наведоа минатонеделниот договор помеѓу „Stellantis“ и кинеската CATL.

Во 2023 година, „Gotion“ произведе околу 150 гигават часови (GWh) номинален капацитет на батерии, доволно за 1,5 до 2 милиона електрични возила. Аналитичарот на весникот Morningstar, Винсент Сан, предвидува дека овој капацитет треба да достигне 270 GWh во 2025 година, што би го надминало сегашниот европски капацитет.

Викрам Гуринени, главен извршен директор на индискиот производител на батерии „Amar Raj“, главен инвеститор во „Seria C“ на „InoBat“, вели дека неуспесите на стартапите како „Northvolt“ и „Biritshvolt“ ги принудиле производителите на автомобили да бараат доказ за квалитетот на батериите, бидејќи не сакаат да ги ризикуваат своите програми за електрификација.

„InoBat“ има пилот производствена линија за производство на батерии со високи перформанси во словачки Водоради, а исто така ќе биде „европското лице“ на „Gotion“ за поголемите фабрики.

 

Огромен истрел во празно

Шведски „Northvolt“ собра повеќе од 10 милијарди долари инвестиции, но не успеа во својот план да започне масовно производство на батерии за автомобили и да стане конкурент на кинеските искусни и богати компании како BYD и CATL. Поради ова, инвеститорите почнаа да ги преиспитуваат другите проекти поврзани со батериите.

Најмалку осум компании ги одложија или ги напуштија европските проекти за батерии оваа година, вклучително и заедничкото вложување помеѓу „Stellantis“ и „Mercedes-Benz“.

Европскиот капацитет за производство на батерии падна за 176 GWh оваа година, покажуваат податоците на Benchmark Minerals.

 

Времето е пари

Стручноста на „Gotion“ му помага на „InoBat“ да ги реши проблемите, вели извршниот директор Бочек, додавајќи дека тоа „им помага да се движат побрзо и да заштедат пари“.

Вели и дека европските производители на автомобили со високи перформанси, вклучително и италијански „Ferrari“, моментално ги тестираат батериите на „InoBat“, кои ќе се произведуваат во голема фабрика во Водеради, но во мали количество и со високи маржи.

Заедничкото вложување GIB моментално е фокусирано на производство со голем обем и ниска маржа и ја користи позицијата на Словачка како четврти најголем производител на автомобили во Европа и нејзината близина до германските, чешките и унгарските фабрики за автомобили.

Покрај тоа, GIB планира да изгради гигафабрика од 1,2 милијарди долари од 20 GWh во словачки Сурани за снабдување со батерии за 200.000 автомобили годишно од 2027 година за германски „Volkswagen“, кој, пак, поседува 24,45 отсто од „Gotion“.

Дел од финансиите на „InoBat“, поточно 214 милиони евра, доаѓаат од словачката влада.

Енди Лејланд, коосновач и специјалист за синџирот на снабдување во „SC Insights“, вели дека инвеститорите и производителите на автомобили се обидуваат да ги „намалат производствените ризици“.

„Кинезите го совладаа масовното производство со ниска цена, па ако сакате батерии, азиските производители на батерии најверојатно ќе ги направат“, вели Лејланд.

globe

Слични новости

Пораката на Израел до Сирија

Пораката на Израел до Сирија

Израел не само што се обидува да ја уништи сириската војска, туку и ја кине територијата на суверена земја во сеуште неизвесна мерка. Да ја оставиме настрана неверојатната бахатост и безобразлук што без причина се гази суверенитетот на друга земја и се крши меѓународното право. Оваквото кинење територи ќе биде причина за следната војна.

Нафтата поевтини на 72 долари

Нафтата поевтини на 72 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта