Европските челници ја потврдија својата долгорочна поддршка за Украина на самитот во Париз во четвртокот, но се чини дека постигнале мал напредок во поглед на улогата што би можеле да ја играат во обезбедувањето безбедносни гаранции доколку се постигне мировен договор со Москва.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека лидерите се согласиле за потребата од поголема поддршка за Украина за да се осигура дека таа е во најсилна можна позиција за секој мировен процес, без да даде детали. Исто така, рече дека би сакал мировниот договор да се развива „за денови и седмици, а не за месеци“.

Европските напори за создавање безбедносни услови за Украина се оддалечуваат од испраќање војници кон други решенија, бидејќи се соочуваат со политички и логистички ограничувања и изгледите Русија и Соединетите држави да се спротивстават на нивните планови.

И покрај ова, ко-домаќинот францускиот претседател Емануел Макрон рече дека голем број земји се согласиле да продолжат со развивањето на француско-британската идеја за она што тој го нарече „поддржувачки сили“ коишто би биле распоредени во случај на мировен договор за да се одврати идната руска агресија.

„Денеска не бевме едногласни, како што сите знаеме, и не треба да бидеме“, рече Макрон на прес-конференција.

Воени делегации ќе отпатуваат во Украина наредните денови на разговори за тоа како долгорочно би изгледале контурите на силна украинска војска, додаде Макрон.

На самитот беше заклучено дека предвременото ублажување на санкциите кон Русија ќе биде стратешка грешка, иако тоа беше услов што го постави Москва за да стапи на сила договорот за прекин на огнот во Црното Море.

 

„Беше апсолутно јасно дека Русија се обидува да го одложи ова и играше игри“, рече Стармер по средбата, стоејќи до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски, кој претходно овој месец се согласи да ги продолжи разговорите за прекин на огнот за да обезбеди продолжување на американската помош и размена на разузнавачки информации што Трамп накратко ги суспендираше, рече дека се потребни построги санкции кон Русија.

Истакнувајќи ги различните ставови меѓу украинските партнери, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани доцна во средата повтори дека неговата земја се противи на каква и да се сили што ги предлагаат Париз и Лондон.

„Не испраќаме војници во мисија освен ако не се дел од Обединетите нации, тоа е единствениот услов за нас да распоредиме воен персонал во Украина“, рече Тајани.

Полска претходно соопшти дека нема да стапне во Украина, а чешкиот премиер Петр Фиала во четвртокот рече дека е прерано да се зборува за испраќање европски сили во Украина пред да бидат познати условите за каков и да е прекин на огнот.

Слични новости

Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор

Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма

Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина

Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина