Лидерите на ЕУ повикаа на повторно отворање на Ормутскиот Теснец и мораториум на нападите врз водоводната и енергетската инфраструктура на Блискиот Исток.
Европскиот совет упати заеднички повик за стабилизација на снабдувањето со енергија и „деескалација и максимална воздржаност“ од страна на завојуваните страни.
„Европскиот совет го осудува губењето на цивилни животи и внимателно го следи долгорочното влијание на воените дејствија, вклучително и врз економската стабилност“, се вели во соопштението.
Лидерите, исто така, го повикаа Иран да прекине да ги напаѓа своите соседи и се заложија за меѓународна соработка за спречување на големи бегалски кризи на Блискиот Исток.
Во нивната изјава, европските лидери ги поздравија „засилените напори објавени од земјите-членки, вклучително и преку засилена координација со партнерите во регионот, за да се обезбеди слобода на пловидбата во Ормутскиот Теснец откако ќе се исполнат условите.
Слични новости
Мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец
Обединетите Арапски Емирати им соопштија на своите сојузници дека се подготвени да учествуваат во мултинационална поморска мисија за враќање на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец, објави „Фајненшл тајмс“.
Волстрит во пад под притисок на растот на нафтата и неизвесноста околу Иран
Американските берзански индекси забележаа значителен пад во четвртокот, под влијание на растот на цените на нафтата и неизвесноста поврзана со случувањата на Блискиот Исток.
Резаи: ракетите ќе преговараат со Трамп
„Секаков вид преговори со ѓаволот се страгиска грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Трамп“, порача Резаи на социјалната мрежа Икс.


