Европските клауд компании, технолошките фирми и пратениците од Европскиот парламент денеска го поддржаа планот на Европската унија за намалување на зависноста на ЕУ од американските технологии и засилување на европската дигитална индустрија.

Група од 13 европски клауд провајдери во отворено писмо ја повика ЕУ да го забрза развојот на технолошките капацитети и да ги заштити локалните компании во стратегиските сектори.

Технолошкиот суверенитет знаи дека Европа има капацитет самостојно да дизајнира, развива, управува и регулира дигитални системи врз кои почиваат нејзината економија и општество, се наведува во писмото на европските клауд компании.

Слични новости