
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад додека пазарите ја очекуваат важната одлука на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, која ќе биде соопштена вечерва во 1900 часот според европско време.
Каматните стапки во САД во моментов се движат меѓу 4,25 и 4,5 насто, а експертите очекуваат дека каматните стапки главно ќе останат на истото ниво, пренесува Ројтерс.
Освен оваа одлука ФЕД ќе ги објави и ажурираните економски проекции кои го покриваат растот на БДП-то, инфлацијата и невработеноста,
Цената на златото и натаму е 3.000 долари за унца, додека на берзите е забележан пад на цената на нафтата и на пченицата.
Слични новости
Инфлацијата во ЕУ и еврозоната забави во февруари
На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HIPC), кој овозможува споредби меѓу земјите-членки, во февруари изнесуваше 2,7 отсто. Во јануари цените на ниво на ЕУ се зголемени за 2,8 отсто
Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата
Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија
Пад на Волстрит пред состанокот на централна банка
На Волстрит цените на акциите значително паднаа во вторникот, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на челниците на американската централна банка