
Европските берзански индекси денеска се во пад, бидејќи незивесноста околу царините на Доналд Трамп влијае врз инвеститорите.
Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.
Во пад се индексите и на франкфурстката и на лондонската и на француската берза. Истовремено, пред отварањето на берзата во САД беше забележан пад и на американските индекси.
Слични новости
Германскиот производител на оружје го престигна VW по пазарна капитализација
Најголемиот европски производител на оружје „Rheinmetall“ го престигна водечкиот европски производител на автомобили „Volkswagen“ (VW) по пазарна капитализација во четвртокот на бранот побарувачка за акции во компаниите во секторот, предизвикан од најавата за повисоки трошоци за одбраната во Европа
Нафтата поевтини кон 70 долари
Цените на нафтата паднаа до 70 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи инвеститорите беа преокупирани со најавите за нови царини, засенувајќи ги знаците за поголема побарувачка во САД
Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолите, ако ЕУ не ги укине царините за виски
Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вина и други алкохолни производи од Европската унија, доколку Унијата не ги укине царините за американското виски