Европските индекси денеска останаа неизедначени, цената на нафтата Брент се движи околу 95 долари за барел, додека инвеститорите ги следат настаните на Блискиот исток и ја очекуваат новата рунда од преговорите меѓу САД и Иран кои би можеле да ја намалат геополитичката нестабилност и да ги смират берзите.

Според податоците од берзите, цената на сировата нафта денеска падна за 0,27 насто на 91 долар за барел, додека нафтата Брент порасна за 0,12 насто на околу 95 долари за барел.

Во Европа фокусот е на заработката на компаниите во секторот на луксозната стока, како и на холандскиот производител на чипови АСМЛ, која е најголема европска компанија според пазарна капитализација.

 

 

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.