Европските берзански индекси денеска пораснаа на рекордни нивоа, откако паневрискиот STOXX скокна за повеќе од еден насто и ја проби границата од 6.100 поени.
Германскиот Сименс денеска објави профит над очекувањата и силна прогноза за во иднина, француската модна компанија Ерме имаше стабилен квартал, а најмногу потфрли Мерцедес-Бенц.
Индексот на франкфуртската берза порасна за 0,87 насто, француската берза порасна за 0,94 насто, а наслаб раст имаше лондоснката берза од 0,31 насто.
Нафтата благо порасна и цената на нафтата Брент изнесува 69,7 долари за барел.
Слични новости
Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција
На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.
Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС
Кина најави дека сосема ги укинува царините за 53 африкански земји
Кина од Први мај сосема ќе ги укине царините на увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, пренесоа кинеските државни медиуми.


