Европските берзански индекси денеска втор ден по ред се во плус, додека вниманието на светските берзи е насочено кон дводневниот самит во Пекинг меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Нафтата Брент и денеска на светските берзи е 106 долари за барел.

На европските берзи една од главните теми е политичката неизвесност во Велика Британија, каде што премиерот Кир Стармер се соочува со се поголеми притисоци во сопствената Лабуристичка партија да поднесе оставка.

Ова ги зголемува трошоците на државното задолжување по пат на обврзници, пренесе американскиот телевизиски канал Си Ен Би Си.

Слични новости

Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит

Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит

Трите најголеми европски нафтени компании Шел, БП и Тотал Енерџиз остварија во првиот квартал од годината значајни дополнителни приходи благодарение на големите осцилации на светските енергетски пазари, објави Фајненшал тајмс.