Европските берзански индекси денеска се во плус, а цените на златото и среброто повторно растат по краткорочниот драматичен пад на цената на благородните метали.

Во Европа инвеститорите ги следат најновите податоци за инфлацијата во Турција и Франција, како и извештајот за невработеноста во Шпанија.

Индексот на франкфуртската берза денеска порасна за 1,06 насто, француската берза порасна за 0,63 насто, а лондонски ФТСЕ за 0,22 проценти.

Порасна и вредноста на еврото во однос на доларот за 0,18 насто, пренесува Ројтерс.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.