Европскиот индекс СТОКС денеска е главно статичен, со цена од 5936,20, што претставува успорување на силниот раст кој претходеше изминатиот период кога СТОКС достигнуваше рекордни вредности.

Упадот на американските сили во Венецуела, како и тензиите предизвикани од плановите на Доналд Трамп за анексија на Гренланд дадоа силен поттик на воената потрошувачка ширум светот, што  доведе до пораст на европските акции во наменската, особено одбранбената индустрија, пренесува Блумберг.

Цената на нафтата, по вчерашниот благ скок денеска повторно падна на 60,4 долари по барел за нафтата Брент и 56,75 долари по барел за сировата нафта.

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.