Европските берзански индекси денеска главно се во пад додека на берзите владее напнатост по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го анектираат Гренланд.
Акциите на европските компании во секторот на воената индустрија како Ренк, Леонардо и Рајнметал продолжија да растат, додека акциите на европските енергетски гиганти БП, Шел и Еквинор се во пад поради најавите дека американските нафтени компании ќе профитираат од венецулската нафта.
Цените на нафтата се главно стабилни со благ пораст на цената на Нафтата Брент на 60 долари по барел, додека сировата нафта се продава по 56 долари по барел.
Слични новости
Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра
Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.
Цената на нафтата скокна за повеќе од 3 насто поради страв од конфликт меѓу САД и Иран
Цената на американската сирова нафта порасна за 3,19 насто на 64,32 долари по барел, а нафтата Брент поскапе за 3,03 насто на 69,49 долари по барел.
Венецуела би можела во 2026 да го зголеми производството на нафта за 40 насто
Таквиот раст би значел дополнителни 300-4000 000 барели нафта дневно, што би изнесувало дури една третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026.


