Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.

На берзите се очекува американскиот претседател Трамп да го предложи поранешниот гувернер Кевин Ворш за нов претседател на американските федерални резерви што ќе влијае врз берзите.

Најголем пораст денеска забележа франкфуртската берза од 0,77 насто, францускиот ЦАЦ порасна за 0,22 насто, а британскиот ФТСЕ за 0,02.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.