Европските индекси на главните европски берзи денеска се главно во плус, додека експертите во Европа ги анализираат извештаите за зарботка на компанијата Рош, шпанската банка Сантандер и Телеком Австрија.

Германскиот ДАКС порасна за 0,34 насто, францускиот ЦАЦ за 0,37 насто, британскиот ФТСЕ за 0,11 насто, а московскиот МОЕКС кој вчера имаше голем плус, денеска падна за 0,68 насто.

Вечерва, по затворањето на американските берзи, се очекуваат извештаите за заработката на Алфабет (Гугл), Тесла и ИБМ кои веројатно ќе имаат клучно влијание врз движењето на американските и светските берзи.  

Слични новости