Европските акции денеска главно се во плус, нафтата Брент се продава за 101 долар за барел, додека инвеститорите се загриќени за политичките ризици во Шпанија и Франција кои ја урнаа вредноста на еврото во однос на американскиот долар.
Шпанскиот премиер Педро санчез се очекува многу бргу да распише парламентарни избори, доеека Франција се соочува со висок јавен долг.
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.
Слични новости
Годишната инфлација во еврозоната скокна на 3,8 насто
Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните „флеќ“ проценки порасна од августовските 3,2 насто, на 3,8 насто во септември, така што сега е на највисоко ниво за последните три години, објави денеска Евростат.
Акциите на компанијата „Најк“ од почетокот на годината загубија 45 насто од вредноста
Акциите на компанијата „Најк“ денеска паднаа за околу 10 проценти, откако производителот на спортска опрема објави пад на приходите и прогноза што ги разочара инвеститорите.
Американските акции во пад поради растот на приносот на американската обврзница
Индексот „Дау Џоунс“ загуби 142 поени, односно 0,3 насто, додека технолошката берза на акции „Насдак“ остана речиси непроменета, пренесе Си-Ен-Би-Си. Најголема загуба има финансискиот индекс кој загуби 0,5 насто.


